Австралијката Кејли Мекеон постави нов светски рекорд на 200 метри грбно, во 25-метарски базени. Новото најдобро време Мекеон го постави на државното првенство.
Мекеон, трката ја заврши со време од 1:58.94 минути. Претходниот рекорд беше во сопственост на Катинка Хосу. Унгарката во 2014 година пливаше 1:59.23 минути.
„Тргнав кон тимските колеги и тренерите и тие ми рекоа: ‘Штотуку го собори светскиот рекорд’. Дури по неколку минути ми стана јасно каков резултат сум поставила“, рекла 19-годишната Мекеон.
Поради коронавирусот и мерките шт владеат во Австралија, оваа година државното првенство се плива симултано во базените во Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн, Перт и Хобарт.
Мекеон е ќе биде еден од главните адути на Австралија на Олимписките игри во Токио.