Фудбалерите на Атлетико Мадрид, на Местаља во Валенсија, го совладаа домашниот тим со 1:0. Атлетико е единствениот тим без пораз во Ла Лига. Тимот на Диего Симеоне има одиграно девет натпревар, победил на седум од нив. Триумфот на Местаља беше шести во низа за „јорганџиите“ во домашното првенство.
Без класичен напаѓач, Суарез има коронавирус, а Диего Коста е повреден и без уште четворица фудбалери, Атлетико имаше целосна доминација на теренот. Односот на удари во текот на целипт натпревар беше 15:5 за Атлетико.
Во првото полувреме голманот на Валенсија, Доменек, се исткна со две брилијантни интервенции, го го спречи Лемар да постигне гол. Ударот на Љоренте на истекот на првиот дел заврши крај голот. Валенсија во првото полувреме сериозно се закани преку Рачиќ, но Облак го одбрани неговиот удар.
Во вториот дел од теренската надмоќ атлетико создаде само една чиста шанса, кога од гол-линијата по ударот на Лемар, Вас ја изби топката во корнер.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 79.минута, кога Караско се проби по левата стрна, остро нафрли, левиот бек на валенсија Лато беше лошо поставен и топката од неговото тело се одби во голот.
Атлетико со оваа победа повторно се израмни со Реал Сосиедад на првото место на табелата. Со два натпревари помалку Атлетико има 23 поени, Валенсија остана на 12 поени и се наоѓа на 10 место.