Top Sport

Мајкл Џордан донираше 2 милиони долари на банка за храна

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан донираше 2 милиони американски долари на банка за храна. Тој соопшти дека парите кои ги донирал се од продажбата на документарниот филм „Последниот танц“.

„Во овие тешки времиња важно е повеќе од кога и да е да се помогне. Горд сум што донирам од дополнителната заработка од `Последниот танц` за организацијата `Ја храниме Америка` и нејзините банки на храна во Северна и Јужна Каролина“ вели Џордан.

Екс-кошаркарот според пишувањата од документарниот филм заработил 4 милиони долари и сите пари сака да ги донира во непрофитната менторска организација „Пријатели на децата“ која е посветена на прекинување на кругот на генерациска сиромаштија.

Џордан неодамна вети дека ќе донира високи 100 милиони долари во период од 10 години на организациите кои се борат против расната рамноправност. Овој филантропски потег доаѓа откако Џордан јавно ја осуди полициската бруталност при смртта на Џорџ Флојд.

Scroll to Top