Top Sport

Страшен инцидент во Бахреин, преполовен и запален болидот на Грожан

Трката во Формула 1 што денеска започна во Бахреин е прекината уште во првиот круг поради голем инцидент.

Францускиот возач Роман Грожан удри во заштитната ограда и неговиот болид се запали. Возачот брзо потоа го напушти болидот и веднаш беше сместен во амбулантно возило крај патеката. Редарите набрзо потоа го изгаснаа пожарот, а болидот комплетно изгоре.

Телевизиската снимка покажа дека Грожан тешко се движи кон амбулантното возило, но од неговата екипа соопштија дека тој се здобил само со мали изгореници.


„Грожан е добро, има мали изгореници на рацете и зглобовите. Сега е на прегледи, свесен е. Спасувачките екипи брзо реагираа. Имавме среќа во несреќа“ рече директорот на тимот на Хас, Гинтер Штајнер.

По инцидентот, трката беше прекината, а возачите испратени во боксот.

Scroll to Top