Александер Емелианенко, помладиот брат на далеку попознатиот ММА фајтер Федор, стигна до својата 26. победа во кариерата откако брутално го нокаутираше Полјакот Шимон Бајор во првата рунда.
Помладиот Емелианенко сега има три победи со нокаут од излегувањето во затвор, каде што беше година и пол поради силување.
Александер и Федор Емелианенко, инаку, не се во најдобри односи и не разговараат еден со друг повеќе од 10 години. Федор минатата година во отворено писмо се „откажа“ од својот брат, нарекувајќи го Јуда и предавник.