Аутопсијата на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори ги потврди првичните вести дека 31-годишниот фудбалер починал од срцев удар, објавуваат италијанските медиуми.
И покрај шпекулациите дека е можно да има „валкани“ игри околу неговата смрт, анализата по смртта на Астори покажала дека нема „посебни причини“ за „неочекуваната и ненадејна смрт“. Според аутопсијата срцето на дефанзивецот „прогресивно се успорувало, пред конечно да сопре“.
Неговото тело е во Фиренца, каде што се подготвува за погребот во четврток, кој ќе се одржи во „Базилика ди Санта Кроче“ во Фиренца.
Фото: ЕПА