Чилеанскиот тренер Маурисио Пелегрини наскоро може да остане без работа, откако неговите Реал Бетис го загубија и третиот меч во низа, откако по катастрофалните 5:2 од Барса и 4:0 од Билбао, дома загубија од Еибар со 0:2 и паднаа на 15. место на табелата со само два поени над зоната за испаѓање.
Гостите во 34. минута постигнаа гол преку Инуи, но тој беше поништен поради офсајд, пред во пет минути во второто полувреме да ги „нокаутираат“ Бетис. Јапонецот Јошиниро Муто во 49. минута ги донесе во водство, за во 54. минута, Естебан Бурхос од пенал да ги постави конечните 0:2, иако Еибар во 87. минута имаа шанса да зголемат на 0:3, но Серхио Енрич го утна пеналот.
За Бетис ова е дури седми пораз во новата сезона.