Самуел Умтити е вишок во Барселона. Светскиот првак со Франција, од почетокот на сезоната нема одиграно ниту еден натпревар. Роналд Куман се обидува да го породаде, а најверојатно тоа ќе му успее во зимскиот преоден рок.
Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти, сериозно бил заинтересиран за 27-годишниот фудбалер.
Иако пред неколку сезони Барселона одби 50 милиони евра од Манчестер јунајтед за Умтити, сега клупските челници биле подготвени да го продадат за четири пати помала сума.
Шпанските медиуми тврдат дека Евертон ќе платат 12 милиони евра за поранешниот играч на Олимпик Лион.