Top Sport

Ливерпул оди понатаму – без голови и возбуда на „Енфилд“ (видео)

Ливерпул и Порто одиграа меч без голови на „Енфилд“, но патникот во четврт-финалето на Лигата на шампионите беше познат уште по првиот меч, кога „црвените“ го демолираа португалскиот шампион со 5:0 среде Порто.

Тимот на Јирген Клоп само ја заврши формалноста за пласман меѓу осумте најдобри во Европа во меч без многу возбуди во кој Ливерпул како да се „чуваше“ за големото дерби со Манчестер јунајтед во текот на викендот.

Садио Мане, човекот кој имаше хет-трик на „Драгао“, беше најблиску до голот во првото полувреме, кога неговиот топовски удар се одби од пречката. Најдобриот стрелец на Ливерпул, Мо Салах беше оставен на клупата сè до последните 17 минути од мечот.

Scroll to Top