Фудбалската легенда на Колумбија, Карлос Валдерама вети дека ќе ја истрижи својата славна коса доколку неговата репрезентација направи сензација и стане светски шампион во Русија ова лето.
Валдерама, кој беше капитен на Колумбија на три Светски првенства, потпиша договор со руската ТВ-мрежа „РТ“ да биде специјален соработник за емисиите на шпански јазик за време на првенството и „Ел Пибе“, како што го нарекуваат неговите фанови, направи храбро ветување – доколку „Лос кафетерос“ станат шампиони, отиде косата.
„Ние не се квалификуваме често на Светските првенства, така што ова ќе биде голема шанса за сите нас. Ако бидеме светски шампиони, нема проблем, ќе се стрижам“, изјави 56-годишниот Валдерама за „РТ“.
Фото: ЕПА