Top Sport

Позитивни на коронавирусот 11 играчи на РК Вардар

Коронавирусот повторно влезе во редовите на РК Вардар. По враќањето од Кјелце, Полска каде Вардар во средата го одигра својот меч од Лигата на шампионите, еден ракометар се пожалил на зголемена телесна температура.

Тестот покажал дека ракометарот е позитивен на коронавирусот.

Последните информации се дека во редовите на Вардар 11 ракометари се позитивни на вирусот Ковид-19. Заразените биле со лесна клиничка слика.

Најновата ситуација во клубот ги одложи натпреварите на Вардар против ПСЖ во Париз и Порто во Лигата на шампионите и потоа против ПСЖ во Скопје.

Фото/rkvardar.mk

Scroll to Top