Уругвајскиот фудбалски голман, Себастиан Соса кој моментно е дел од Индепендиенте, каде е на позајмица од мексикански Мазатиан се најде во центарот на вниманието поради уникатна тетоважа.
Соса истетовира лав на задниот дел од главата и фотографијата ја постави на Инстаграм со објаснување како дошол на идеја за тетоважата.
„Во јуни открив дека сум заразен и почнаа проблемите со косата. Докторите рекоа дека тоа е последица од короната и одлучив да ја избричам главата. Потоа ми дојде идеја да се тетовирам и го сторив тоа. Отсекогаш сум сакал лавови и затоа ја одбрав оваа тетоважа. Можам да ви кажам дека им се допаѓа на луѓето. Многумина ми велат дека сега личам на `Хитмен`“ – напиша голманот на социјалната мрежа.