Top Sport

Навивачите на ПАОК влегле во телевизијата ЕРТ 3 (Видео)

Десетина навивачи на ПАОК вегле во студиото на грчката телевизија „ЕРТ 3“, во Солун и го натерале водителот на спортските вести да ја прочита нивната порака во знак на протест, на одлуката на Супер лигата на клубот да му одземе три бода.

Дербито во грчкиот шампионат помеѓу ПАОК и Олимпијакос на 25.февруари не се одигра, откако гостинскиот тренер Оскар Гарсија бил погоден со ролни тоалетна хартија. Натпреварот не се одигра, а Супер лигата го регистрира со службени 0:3 за Олимпијакос.

Покрај тоа ПАОК два натпревари ќе мора да одигра пред празни трибини.

Во пораката која ја прочита водителот на „ЕРТ 3“ се вели дека „ одлуката на Супер лигата е најголемиот скандал кој некогаш се случил во светот на спортот“. Исто така во пораката се повикани сите навивачи на ПАОК да учествуваат во протестот во четвртотк, во центарот на Солун.

Откако на ПАОК му се одземени бодовите тимот се „лизна“ на третото место на табелата со 49 бода. Лидер во Грција е АЕК со 54, а втор е Олимпијакос со 50.

ПАОК на титула во грчкото првенство чека од 1985 година, а како сега стојат работите нема да ја освои и оваа година и тоа поради инцдентите на неговте навивачи.

Scroll to Top