Мик Шумахер тргна по стапките на својот славен татко, од наредната сезона тој ќе вози за тимот Хас, во шампионатот на Формула 1.
Шумахер јуниор на својот болид ќе го носи бројот 47. На медиумите им ја објаснил симболиката која во неговиот живот ја имаат броевите 4 и 7.
Со бројот 4 тој ја освоил титулата во Формула 3, а бројот 7 ги симболизира седумте шампионски титули во Формула 1 на неговиот татко, Михаел.
Исто така бројот 47 е збирот на деновите во месецот на неговиот роденден и родендените на неговите мајка и татко.