Даниел Рикјардо покажа дека и Ред бул ќе се обидат да се борат за титулата во 2018 година, подобрувајќи го рекордот на патеката Каталуња, кој стоеше од преуредувањето на патеката покрај Барселона во 2007 година.
Неговото време од 1:18.047 на новите „хипер-меки“ гуми на Пирели поставено на вториот ден од вториот зимски тест пред новата сезона, беше подобро од пол-позицијата на Луис Хамилтон од 2017 година од 1:19.149, и убедливо најдобро од било кој круг поставен на зимското тестирање, иако бидејќи се работи за тестирање, рекордот нема да биде „официјален“.
Ricciardo’s 1:18.047 hypersoft lap is still the time to beat ⏱️#F1 #F1Testing pic.twitter.com/QKDmwEChQy
— Formula 1 (@F1) March 7, 2018
Шампионот Луис Хамилтон во Мерцедес беше втор најбрз со 1:18.400 или за 0.353 секунди поспор од Рикјардо на „супер-меки“ гуми, а неговиот колега Валтери Ботас беше а 0.160 секунди поспор во попладневната сесија.
Во Мерцедес, дефинитивно ја забележаа брзината на Ред бул.
„Има три брзи тима досега, и нема сомнеж дека Ред бул ќе бидат меѓу тимовите кои ќе се борат за победа оваа сезона. Можеби има некои нејасни работи, и не знаеме дали сме пред нив или тие се малку пред нив, но заедно со Ферари, тие се трите најбрзи болиди“, признава техничкиот директор на Мерцедес, Џејмс Елисон.
? TEST 2, DAY 2 ?
Sun drenches the @Circuitcat_eng as the chequered flag comes out@danielricciardo‘s hypersoft effort of 1:18.047 keeps him top, with 165 laps#F1 #F1Testing pic.twitter.com/MPM2F2POSa
— Formula 1 (@F1) March 7, 2018
Себастијан Фетел, кој имаше 171 кругови во вторникот и имаше најдобро време, возеше во утринската сесија на местото на Кими Раиконен, кој беше болен. Фетел беше четврт најбрз со 1.494 секунди заостанување, но за забележување е дека тој се концентрираше на подолги „екскурзии“ на патеката, односно на симулации на трки.
Мекларенот не престанува да се расипува, но во тимот велат нема криза