Смртта на Диего Марадона и понатаму е тема во аргентинските медиуми. Легендарниот фудбалер почина на 25.ноември, а деновиве започна битката околу неговото наследство. Весникот „Кларин“, кој прв објави дека „Ел Пибе“ починал, тврди дека славниот фудбалер од тестаментот ги исклучил поранешната сопруга Клаудија Виљафане и нивните две ќерки, Далма и Џанина.
Според овој извор, во текот на својот престој во Дубаи, Марадона решил да ги ибрише од тестаментот.
Марадона и Клаудија во брак беа 24 години, од тој брак се неговите најстари деца Далма и Џанина.
Марадона решил да ги исклучи од тестаментот откако открил дека од смеката му недостигаат 6.000.000 долари и дека останал без 458 сувенири што ги собрал во текот на кариерата.
Тој тогаш ја обвинил поранешната сопруга за кражба, а целиот случај неколку години се влечеше по судовите. Поради тоа тој ја исклучил поранешната сопруга од тестаментот, а истото се случило со ќерките кога тие во целиот спор решиле да застанат зад својата мајка.