Директорот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, во една своја храбра изјава трври дека во овој момент дербито Баерн-Борусија Дортмунд, има поголем квалитет од шпанското Ел Класико.
„Сите љубоморно гледавме во Шпанија кога играа Реал и Барселона, но мислам дека сега е Класикер и кога играат Баерн и Дортмунд. Неодамна одигравме одличен натпревар, а ден подоцна играа Барса и Реал и едноставно тој дуел, според квалитетот, не можеше да се спореди со нашиот. Може да се каже дека нашата верзија е за едно ниво подбра“, рекол Румениге.
На последните пет натпревари во Ел Класико биле постигнати девет гола, додека на последните пет натпревари во Класикер се видени 17 голови.