Ракометарките на Србија забележаа победа над светскиот првак Холандија, во првото коло, во Ц-групата на Европското првенство во Данска. Србинките беа Андреа Лекиќ, која се повреди во финишот на првиот дел славеа со 29:25 (9:15).
Србија успеа да направи неверојатен пресврт против светските шампионки во последните 15 минути. Холандија го контролираше натпреварот, на голот блекаше Вестер, а во нападот сурово ги казнуваа сите гршки во играта на Србија, на полувреме имаа шест гола предност.
Таа разлика Холандија ја одржуваше до 45.минута, кога зашочна фуриозната серија на Србнките. До крајот постигнаа 23, а примија само три гола. Вториот дел Србија го доби со 20:10.
Капитенката Крпеж ја предводеше Србија со 12 голови.
Во Д-групата, Норвешка ја декласираше Германија со 42:23. Норма Мерк постигна 12 голови за Норвешка, која е лидер во групата со две победи. Во вториот меч, Кристина Неагу со осум гола го режираше пресвртот на Романија против Полска (28:24).
Две победи во првите две кола има и Русија. Русинките славеа во дуелот со Чешка 24:22.