Top Sport

Нов хаос на стартот во Бахреин, Леклер и Ферстапен излетаа, Расел е прв!

Една недела откако Роман Грожан имаше огнен судир во првиот круг на патеката Сакир во Бахреин од кој едвај излезе жив, првиот круг на втората трка во пустината донесе нов хаос, во кој по првиот круг во аут се Макс Ферстапен и Шарл Леклер, додека неверојатниот Џорџ Расел успеа да го помине освојувачот на пол-позицијата Валтери Ботас во првиот круг.

Откако Ферстапен се откажа од обидот да ги помине Перез и Ботас пред него, Леклер го „закачи“ Перез, и во исто време го собра Ферстапен во ѕидот. Возачот на Ред бул очигледно беше лут од ваквиот епилог.

Scroll to Top