Top Sport

Венгер: Можеби Гатузо има некој совет за мене

Арсенал вечерва ќе гостува во Милано, во рамките на првиот осмина-финален натпревар во Лига Европа. Менаџерот Арсен Венгер има проблеми како да ја состави дефанзивната линија на тимот бидејќи дуелот поради повреди ќе го пропуптат шпанските бекови Ектор Бељерин и Начо Монреал. Исто така во нападот ќе го нема Александар Лаказет.

Покрај кадровските проблеми, Венгер е загрижен и за формата на тимот кој во последните неколку натпррвари одигра катастрофално.

Во слична ситуација на почетокот од сезоната беше и Милан, но промената на тренерот (Гатузо го замени Монтела) му донесе многу позитивни работи на тимот од „Сан Сиро“, Милан со Гатузо нема пораз на последните 13 натпревари во сите натпреварувања.

Венгер во Арсенал е од 1996 година, а во тоа време актуелниот тренер на Милан, Гатузо, беше млад фудбалер. Менаџерот на Арсенал се пошегува на прес конфренцијата одговоарајќи на ппрашањето дали има некој посебен совет за млад тренер каков што е Гатузо.

„Немам некој посебен совет. Тој е човек со многу искуство. Мене не ми оди добро, што значи дека јас би можел да побарам некој совет од него“, се пошегувал Венгер.

Натпреварот на „Сан Сиро“, Милан-Арсенал ќе започне во 19 часот.

Scroll to Top