Top Sport

Артета призна дека го истурка повредениот Парти назад на теренот

Микел Артета ја бранеше својата одлука да го турне повредениот Томас Парти назад на теренот при 0:2 поразот од Тотенхем во дербито на северен Лондон, велејќи дека тој морал да се врати на теренот за да го спречи вториот гол на мечот на Хери Кејн,

Парти беше покрај аут-линијата откако доби удар во текот на играта и бараше замена, кога Артета го турна назад на теренот во обид да се спречи нападот.

„Мора да остане на теренот. Им честитам за првиот гол, тој беше од светска класа, но во вториот имавме играч помалку на теренот и тие го искористија тоа. Потоа доминиравме, тие немаа ниту една шанса, но стигнаа до победата. Не знам што друго можевме да направиме. Ако не можеме да даваме голови, не можеме да победуваме. Се обидов да гурнам Томас, бидејќи мислев дека не ја сфаќа сериозноста на ситуацијата. Но, најверојатно беше во болки“, вели Артета.

Тотенхем и Мурињо го добија дербито со Арсенал и се вратија на првото место

Scroll to Top