Top Sport

Сосиедад исфрустрирани кај Алавес, останаа на второто место

Реал Сосиедад не успеа да се врати на првата позиција во шпанската Ла лига, откако иако играа речиси цело полувреме со играч повеќе заглавија на 0:0 на гостувањето кај баскискиот ривал, Депортиво Алавес.

Ремито за Сосиедад значи дека остануваат втори со 25 поени по 12 меча, оставајќи ги Атлетико Мадрид на првото место со 26 поени и тоа само од 10 меча во лигата. Алавес, пак, е на 11. место со 14 поени по дури петтото реми оваа сезона.

Scroll to Top