Швајцарецот Марк Одемарт победи на трката во велеслалом, која во понеделникот се возеше во Санта Катарина. Трката требеше да се вози вчера, но беше одложена поради силните снежни врнежи. Покрај Одемарт, блесна и Хрватот Филип Зубчиќ, кој втората трка ја започна од 21 место, а на крајот заврши како трет. Инаку, Зубчиќ, победи во саботата, во истата оваа дисциплина.
Одемарт, во Санта Катарина, беше најдобар во двете трки. На крајот победи со време 2.08.42 минути. Второто место му припадна на Американецот Том Форд, кој имаше послаб резултат од Швајцарецот за 73 стотинки.
Зубчиќ, кој возеше брилијантно во втората трка, зад победникот имаше послаб резултат за 75 стотинки.
Со денешната победа, Одемарт го презеде лидерското место на табелата во велеслалом, тој има 240 поени, 58 повеќе од Зубчиќ. Во генералниот пласман Одеморт и Алексис Пинтуро водат со 240 поени, додека Зубчиќ е трет со 208.