Top Sport

Јунајтед во Лајпциг без Кавани и Марсијал

Антони Марсијал и Единсон Кавани, нема да бидат во составот на Манчестер јунајтед, вечерва против Лајпциг во Лигата на шампионите. Отсуството на напаѓачите го потврди менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Марсијал и Кавани, беа во составот на Јунајтед во саботата против Вест Хем. Кавани поради повреда остана во соблекувалната на полувремето, додека Марсијал од иста причина беше заменет во второто полувреме.

„Повредите не се сериозни, меѓутоа не сакаме да ризикуваме со Кавани и Марсијал“, рекол Солскјер.

Покрај Кавани и Марсијал, дуелот со Лајоциг ќе го пропушти и Фред. Бразилецот, во минатото коло, беше исклучен.

Јунајтед мора да останат непоразени во Лајпциг доколку сакаат да ги продолжат натпреварите во Лигата на шампионите.

Scroll to Top