Северна и Јужна Кореја нема да маршираат заедно на Свеченото отварање на Паролимпијадата во Пјонгчанг, како на Олимпијадата минатиот месец, бидејќи не можат да се согласат за обединетото знаме на кое се избришани островите за кои постои спор со Јапонија.
Јапонија официјално се пожали до Јужна Кореја за знамето со Корејскиот Полуостров на хокеарскиот меч меѓу Кореја и Шведска, бидејќи на него ги има контроверзните острови Докдо (или Такешима јапонски) во Јапонското Море (кои Корејците го нарекуваат Источно Море). На ова веднаш реагираше Северна Кореја.
„Не можеме да прифатиме дека Докдо не можат да бидат одбележани поради политичките проблеми во Јужна Кореја“, се вели во соопштението.
Интернационалниот параолимписки комитет (ИПЦ) официјално објави дека знамето нема да се менува и дека поради тоа двете земји ќе маршираат индивидуално. Параолимпијадата започнува на 18 март.
Фото: ЕПА