Top Sport

Никој не сака дрес од левиот бек, вели Робертсон од Ливерпул

Дефанзивецот на Ливерпул, Енди Робертсон реши да го почести седумгодишниот Алфи, кој својот џепарлак го потроши на добротворни цели со праќање на потпишан дрес, но не негов туку од колегата Роберто Фирмино.

Седумгодишниот Алфи покажа големо срце откако при патувањето на дуелот Ливерпул-Порто од Лигата на шампионите, од својот татко побара неговиот џепарлак да го даде на јавната кујна во Ливерпул, и Робертсон беше импресиониран.

Зошто не му го прати својот дрес? Едноставно – никој не сака дрес од лев бек! Фантастичен гест на Робертсон, кој ова лето дојде од Хал и стана клучен тим на одбраната на Јирген Клоп.

„Драг Алфи, тука е Енди Робертсон од Ливерпул.

Видов на Твитер дека направи нешто посебно на ‘Енфилд’, и твоето однесување е фантастично. Ни поставуваш вистински пример дека малку грижа и мисли за другите се важни. Затоа ти ја давам оваа награда. Имам еден од дресовите кои ги носеше Роберто Фирмино оваа сезона и побарав од него да го потпише како знак на благодарност. Да бидеме искрени, никој не го сака дресот од левиот бек, и затоа ти го набавив тој од Боби. Се надевам дека е океј“, пишува меѓу другото во писмото на Робертсон.

Scroll to Top