Навивачите на Лацио оставија фотографии на кои е покажана Ана Франк во дрес на Рома и анти-семитски пораки на нивната трибина „Курва суд“ по победата над Каљари.
„Бјанкочелестите“ претходно добија казна од два натпревари без навивачи на „Курва суд“ поради расистички испади, но тоа не ги спречи да постават навредливи материјали за градските ривали Рома.
Покрај преуредените фотографии со Ана Франк, беа оставени пораки „Романиста евреи“.
„Ова не е ’Курва суд’. Ова не е фудбал, ова не е спорт. Тие луѓе мораат да бидат исфрлени од стадионите“, вели Рут Дурегело, претседателката на римската еврејска заедница.
Своја истрага поведоа во Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), но и полицијата во Рим.