Фудбалската репрезентација на БиХ е без селектор по заминувањето од клупата на Душан Бајевиќ. Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз преговара со нови имиња за селекторската позиција.
Досега се споменуваа имињата на Сергеј Барбарез и Ивајло Петев, а неофицијално се вршат разговори и со Ирвин Куман, поранешниот холандски фудбалер кој е брат на тренерот на Барселона, Роналд Куман.
Ирвин Куман тренерската кариера ја започна во Валвијк, во 2005 година, а ги тренираше и екипите на Феенорд, Утрехт, Ајндховен, Валвијк и турски Фенербахче. Ја извршуваше селекторската позиција и во Унгарија, односно Оман.