Top Sport

Капело удри по Конте: Со тој човек не може да се разговара

Интер не успеа да избори европска пролет. Тимот на Антонио Конте, синоќа, одигра 0:0 против Шахтјор во Лигата на шампионите. Во Б-групата, Интер го освои последното место.

Доколку Интер го победеше Шахтјор ќе играше во осмина-финалето во Лигата на шампионите, бидејќи Реал славеше во дуелот со Борусија од Менхенгладбах.

Фабио Капело, во студиото на „Скај Спорт Италија“, жестоко го нападнал тренерот на Интер. Капело го прашал дали Интер воопшто има „план Б“, бидејќи тимот секогаш настапува во формација 3-5-2.

„Имаш ли ти план Б кога треба да се направи пресврт?“, прашал Капело, а Конте му одговорил.

„Да секогаш имам план Б“.

„Навистина, па не го забележав тоа“, возвратил Капело, на што Конте му реплицирал.

„Не сакам да зборувам на таа тема, во спротивно противниците би биле подготвени за нас“.

Легендарниот Капело потоа заклучил.

„Невозможно е да се разговара со овој човек. Тој не може да разбере некои работи. Интер вечерва претрпе голема финансиска штета, нема да игра ниту во Лига Европа. Штетата е голема, дури и за спонзорите, а Конте се шегува со нас. Тој е како „мува без глава“. Ја кај него не гледам никаков план Б“.

 

Scroll to Top