Top Sport

Легендата на Атлетико со порака до Суарез и Саул: Почитувајте го клубот

Фудбалерите на Атлетико Мадрид, Саул и Луис Суарез, нервозно реагираа на одлуката да бидат заменети на натпреварот со Салцбург.

Тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне, нема замерка за нивното однесување.

„Нормално е дека ќе се налутат. И јас би се налутил, во вакви натпревари сакате да бидете на теренот 90 минути. Ја разбирам нивната реакција“, рекол Симеоне.

За разлика од Симеоне, неговиот поранешен соиграч, легенда на Атлетико, Кико ги критикува двајцата фудбалери.

„Не ми се допаѓа таква реакција. Треба да се покаже почит кон клубот и колегата кој влегува на теренот. Треба да има малку самокритика“.

Атлетоко синоќа победија во Салцбург со 2:0 и го потврдија пласманот во осмина-финалето.

Scroll to Top