Американската спортска мрежа ЕСПН ја објави својата листа на најдобри играчи во НБА за сезоната 2020/2021. Листата, поради одредени играчи, наиде на големи критики во кошаркарската јавност во САД.
Најдобрите десетмина на листата ги предводат Леброн Џејмс и Ентони Дејвис од Лос Анџелес Лејкерс, а потоа следуваат Јанис Адетокумбо (Милвоки Бакс), Лука Дончиќ (Далас Маверикс), Каваи Ленард (ЛА Клиперс), Кевин Дурент (Бруклин Нетс), Демијен Лилард (Портланд Трејлблејзерс), Стеф Кари (Голден стејт Вориорс), Џејмс Харден (Хјустон Рокетс) и Никола Јокиќ (Денвер Нагетс).
Кошаркарската јавност во САД ја критикува листата поради рангирањата на одредени играчи. Многумина сметаат дека Дончиќ не смее да биде пред Ленард, Дурент, Кари и Харден. Исто така не се согласуваат дека младата ѕвезда на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон, треба да биде пред Пол Џорџ, Карл-Ентони Таунс, Кајри Ирвинг и Расел Вестбрук, кој на оваа листа се наоѓа на 36 место.
Исто така, кошаркарските стручњаци, не се согласуваат со ЕСПП, дека соиграчот на Вилијамсон, Лонзо Бол, треба да биде пред Мотрезл Херел, Џон Вол и Демар Дерозан.
?️ THE TOP 10 OF OUR NBA RANK IS HERE!
From No. 10 to No. 1 ➡️ https://t.co/6S0ZxE3qcM (ESPN+) pic.twitter.com/0Iw1lLN08F
— ESPN (@espn) December 10, 2020