Top Sport

Куман: Лага е дека играчите побарале да ја сменам формацијата

Барселона, нема право на кикс утре вечер против Леванте. Во пресрет на натпреварот, тренерот на Барселона, Роналд Куман, ги демантирал новинарите дека играчите барале да го смени системот.

„Секогаш сум ги почитувал моите играчи. Пред да одржам прес-конференција разговарам со моите фудбалери, јас нив ги почитувам, не ги убивам. Исто така се појави информација дека играчите барале да го сменам системот во кој играме. Тоа е лага. Не се жалат на системот во кој играме“, рекол Куман и порачал дека чувствува дека ја има поддршката од играчите.

„Ако не чувствуваш поддршка, не можеш да работиш, но јас разбирам дека по последните резултати мораме да се погледнеме во очи. Секако дека сум загрижен, ќе се обидеме да ја унапредиме играта“.

Барселона ќе го пречека Леванте од 21 чаот.

Scroll to Top