Севилја во 13.коло, забелжа победа над Хетафе во Мадрид 1:0. Екипата од Андалузија, со два натпревари помалку, стигна до петтото место на табелата, додека Хетафе е блиску до опасната зона, на 15 место, со 13 поени. Хетафе, на последните пет натпревари, освоија само два бода, додека Севилја ја забележа третата победа во низа.
Натпреварот на „Колосеум Алфонсо Перез“, најдобро го отслика досегашниот дел од сезоната на два клуба. Севила, го контролираше ритамот на натпреварот, го имаше поседот на топката, но без конкретна закана кон голот на Сорија. Најблиску до гол играчите на Севилја беа во 19.минута, кога ударот од далечина на Џордан заврши во гредата.
Хетафе, од друга страна насочен на одбраната на својот гол, со многу грешки во додавањата.
Натпреварот го реши Ечеита, со спектакуларен авто-гол во 81.минута. Инаку, две минути претходно, по слободниот удар на Тимор, сигурен гол за хетафе спречи Кунде, кој од гол-линијата ја исфрли топката во поле.