Поранешниот голман на Рен, Челси и Арсенал, Петр Чех, бара промена на правилата за голманите кога тие се во ситуација да бранат удар од 11 метри. Според Чех, со актуелните правила, голманите се во подредена положба во однос на изведувачите на пенали.
Повод за реакцијата на Чех е натпреварот помеѓу Лидс јунајтед и Вест Хем, односно повторениот пенал за домашниот тим, откако првиот обид на Матеуш Клих го одбрани Лукаш Фабијански.
Чех на својот профил на Инстаграм поставил снимка од целата ситуација со коментар.
„Како мислите голман да ја покрие должина од 7,32 метри и висина од 2,44 метри, а да не ги поместува стапалата? Играчите шутираат од 11 метри со просечна брзина од 112 километри на час, значи на топката и требаат 0,35 секунди да ја мине гол-линијата. Тоа вон секоја логика“, смета Чех.
Чех е еден од најдобрите голмани во изминатите 20 години, во кариерата на 202 натпревари не примил гол.
Тој нуди решение како да се реши ова.
„Судиите со спрејот нека направат уште една линија, четири стапки од гол-линијата и пеналот да се брани во тој меѓу простор“.
View this post on Instagram