Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски постигна гол во победата на Удинезе кај Торино 3:2. Несторовски на теренот влезе во 62.минута кога резултатот беше 2:2, а осум минути подоцна го постигна голот со кој на својот тим му обезбеди нови три бода во Серија А.
Претходно Удинезе испушти предност од два гола, до кои дојде со головите на Пусета во 24. и Де Паул во 54.минута.
Следуваа потоа луди четири минути во кои беа постигнати три гола. Најпрвин во 66. и 67.минута Торино, со головите на Белоти и Бонацоли стигна до израмнување на резултатот.
Нивните надежи дека ќе останат непоразени ги урна Несторовски со својот гол во 70.минута.
Удинезе со четвртата победа во сезоната се искачија на десеттото место во Серија А, со 13 поени, додека Торино се претпоследни со само шест бода.