Одговорајќи на новите шпекулации дека ќе замине од Пари Сен-Жермен пред да му заврши договорот во 2022 година, Килијан Мбапе посочи дека неговото семејство ќе има последен збор за неговото останување на „Паркот на принцовите“.
Во ПСЖ би сакале да го продолжат неговиот договор што е можно побргу за да избегнат шанса тој да замине бесплатно за 18 месеци, а се верува дека Реал Мадрид се подготвени за акција доколку им се пружи шанса.
„Секоја одлука ја правиме заедно, како семејство. Мислам дека тоа е најдоброто нешто. Со таков менталитет стигнав високо и до каде сум сега. Без нив ова немаше да биде возможно, бидејќи секој има лоши моменти. Кога доаѓаше такво време, моето семејство беше тука секогаш за мене. Тие ми го покажуваат вистинскиот пат и среќен сум што имам такви родители“, вели 21-годишниот Мбапе.