Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, синоќа во солзи беше изнесен на носилки од „Паркот на принцовите“. Бразилецот настрада во последната минута од пресметката со Лион (0:1), по стартот на Тиаго Мендеш.
Првите информации, што пристигнуваат денес од Париз, велат дека зглобот на левата нога не е скршен. Точната дијагноза ќе објавена во наредните денови, кога ќе биде познато и колкава пауза го очекува Бразилецот.
Магнетната резонанца ќе покажа колкаво е оштетувањет на лигаментите.
Според „Паризиен“, сигурно е дека Нејмар нема да биде во тимот на ПСЖ до крајот на оваа година.