Top Sport

Почина тренерот на ТСЦ, Золтан Сабо

Тажна вест ја потресе фудбалската јавност во Србија. На 49-годишна возраст почина Золтан Сабо, тренерот на ТСЦ од Бачка Топола.

Сабо, починал во текот на ноќта, најверојатно од срцев удар.

Золтан Сабо, фудбалската кариера ја започнал во Хајдук од Кула, потоа играч за Војводина, Партизан, Сувон во Јужна Кореја, Фукуока во јапонија, Залаегерсег во Унгарија, АЕЛ од Никозија на Кипар.

Како тренер работел во Пролетер и Јагодина, а од 2017 година бил тренер на ТСЦ.

Од Третата лига успеал со овој тим да се пласира во Суперлигата на Србија, а минатото лето ТСЦ играа и во квалификациите за пласман во Лига Европа.

Scroll to Top