Италијанецот Пјерлуиџи Колина е прогласен од страна на „Франс фудбал“ за најдобар судија во историјата на фудбалот. Ова за него е најголемото признание, покрај она на ИФФХС за најдобар судија во светски рамки за 1998 и 2005 година.
Колина влезе и во Куќата на славните во италијанскиот фудбал, во 2011 година.
Популарниот „ќелавко“ во кариерата ја делел правдата на 240 меча во Серија А, но и на 109 меѓународни дуели.
Највпечатливо е финалето меѓу Бразил и Германија во 2002 година.
Последен пат во кариерата бил судија на мечот Португалија – Словачка, во 2005 година.
France Football, Collina miglior arbitro della storia https://t.co/fW6SFrn8Q8
— Repubblica (@repubblica) December 16, 2020