Top Sport

Шкендија „маршира“ кон титулата

Шкендија успеа да го совлада Работнички со 2:0 на гости, за да дојде на чекор до титулата во македонската прва лига, правејќи предност од 17 поени пред Вардар, кои утре гостуваат кај фенерџијата Скопје.

Лидерите успеаја да го скршат отпорот на „романтичарите“ во финишот на првото полувреме преку Изаир Емини, пред Бесарт Ибраими да стави печат на победат во 53. минута, откако Работнички остана со играч помалку (црвен картон доби Трајчевски).

Во вториот саботен меч во ПМФЛ, Ренова со минимални 1:0 го совлада Пелистер за да скокне на седмото место на табелата со 22 поени, еден повеќе од Пелистер и Победа.

Фото: ФК Шкендија

ПРВА ЛИГА, 23. КОЛО

Работнички – Шкендија 0:2

Ренова – Пелистер 1:0

УТРЕ, 14 ЧАСОТ

Скопје -Вардар

Победа – Академија Пандев

Силекс – Шкупи

Табела: 1.Шкендија 59, 2.Вардар 42, 3.Силекс 35, 4.Работнички 28, 5.Шкупи 28, 6.Академија Пандев 27, 7.Ренова 22, 8.Пелистер 21, 9.Победа 21, 10.Скопје 16.

Scroll to Top