Лидерот на табелата во Бундес лигата, Баер Леверкузен, ги продолжи договорите со талентираните Едмонд Тапсоба и Муса Дијаби.
Фудбалерите кои имаат по 21 година, се незаменливи во составот на тренерот Петер Бош.
Тапсоба договорил соработка до јуни 2026, а Дијаби до јуни 2025 година.
Тапсобо. во јануари, го засили Леверкузен од редовите на Виторија Гимараеш. Од почетокот на сезоната настапил на 10 од 12 натпревари во Бундес лигата.
Дијаби е поранешен играч на ПСЖ, кој на „Паркот на Принцовите“ не добил вистинска шанса. Во сите конкуренции оваа сезона одиграч 19 натпревари, постигнал пет гола и забележал шест асистенции.