Серхио Рамос има поминато речиси сѐ во својата кариера, но при победата над Еибар на „Ипуруа“ се случи и неизбежното – капитенот на Реал не успеа да го „додржи“.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан призна дека Рамос морал да оди во тоалет и на крајот не успеал да стигне на време! Инцидентот се случи во 76. минута кога мечот беше израмнет 1:1, кога Рамос едноставно излезе од теренот.
„Рамос малку се посра, така што мораше веднаш да истрча во тоалет“, откри Зидан.
Самиот Рамос ја виде „смешната“ страна на ситуацијата постирајќи коментар „Природата вика“ на својот Инстаграм профил.
Zidane on why Sergio Ramos left the pitch for a bit: “I think he shat himself a little bit”
— RMadrid Edition (@RMadridEdition) March 10, 2018