Top Sport

Динамо остана без тренер, Цвитановиќ: Ова е најлошиот ден во мојот живот

Тренерот на Динамо Загреб, Марио Цвитановиќ си поднесе оставка по засрамувачкиот 1:4 пораз од Локомотива, трет пораз за „модрите“ во четири натпревари и втор едноподруго со ист резултат по декласирањето од Риека.

„Прво морам да честитам на Локомотива на победата. За мене овае најтежок ден не во мојата кариера, туку во мојот живот. Денеска се случи кулминацијата на емотивната истрошеност и празнина кај играчите. Нозете сакаат, но срцето и главата не можат. Го дадов мојот максимум и морам да отстапам. Не сакам да стојам на целта Динамо да стане шампион“, вели Цвитановиќ.

Цветановиќ во Динамо дојде како тренер како замена на Иваило Петев, кој беше сменет два дена пред стартот на сезоната и во 31 меч имаше 20 победи, 8 ремија и 3 порази – во последните 20 дена Хајдук (0:1), Риека (1:4) и Локомотива (1:4).

Фото: ЕПА

Втор меч, втора катастрофа – Локомотива првпат го победи Динамо! (видео)

Scroll to Top