Австријката Никол Шмидхофер, на спуст трката во Вал Дизер, успеа да се извлече без сериозни повреди, по страшната несреќа, што и се случи во финишот на трката.
Блиску до целната рамнина, Шмидхофер, излета од еден свиок со брзина од 115 километри на час. Од силината на ударот таа ја проби заштитната ограда и излета во шумата.
Таа на со помош на носилки беше спуштена до целната рамнина, каде и биле констатирани само полесни повреди на лицето.
По подолга пауза трката продолжи, а потоа уште три натпреварувачки излетаа на истото место, но без никакви последици.