Top Sport

Нејмар и се налути на ФИФА

Најскапиот играч во историјата на фудбалот, Нејмар, со иронија ја проследи одлуката на ФИФА, во тимот на годината да не се најде ниту еден фудбалер на неговиот тим, ПСЖ. Тимот чии дрес го носи Нејмар, минатата сезона беше поразен од Баерн (1:0), во финалниот натпревар, во Лигата на шампионите.

Нејмар, го впери прстот кон ФИФА минатата недела, кога светската куќа на фудбалот, објави дека во конкуренција за фудбалер на годината се Левандовски, Роналдо и Меси.

Бразилецот тогаш напиша дека го смени спортот.

Откако синоќа ФИФА го објави тимот на годината, Нејмар повторно се огласи на „Инстаграм“.

„ПСЖ е во некој друг спорт“.

Очигледно е дека не може да се согласи со одлуката во тимот на годината да нема место за него или Килијан Мбапе.

ФИФА во тимот на годината ги стави: Алисон – Александер-Арнолд, Ван Дајк, Серхио Рамос, Дејвис – Кимих, Тијаго Алкантара, Де Брујне – Роналдо, Меси, Левандовски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FUTMAIS (@futtmais)

Scroll to Top