Top Sport

Мертезакер признава: Пред секој меч ми се врти во стомакот

Дефанзивецот на Арсенал, Пер Мертезакер има доволно искуство, но тоа не значи дека не го фаќаат нервите пред секој голем меч, признавајќи дека „му се врти стомакот и му се повраќа“ пред големите мечеви, нешто од што страдаат сите професионални фудбалери.

33-годишниот Мертезакер беше дел од германската репрезентација која го освои Светското првенство во 2014 година, и има настапи на уште два Мундијали, но признава дека не му се допаѓа адреналинот во клучните пресметки.

„Некогаш сфаќате дека сè товар, физички и ментално. Не е забавно, но морате да бидете на нивото, дури и да сте повредени. Пред мечевите почнува да ми се врти во стомакот и морам да повраќам. Понекогаш дури се гушам додека очите не ми насолзат“, објаснува Мертезакер во интервју за „Шпигел“.

Тој вели дека најлошо се чувствувал пред полуфиналето на СП во 2006 година, кога имаше само 21 година, а Италија ја совлада Германија.

„Бев многу разочаран од поразот, но од друга страна ми олесна. Уште се сеќавам како да се случи вчера. Си велев: ’Заврши, конечно, заврши!’“, додава Мертезакер.

Scroll to Top