Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, во јануарскиот преоден рок би требало да пристигне во Милан, пишуваат италијанските медиуми. Повредата на Златан Ибрахимовиќ ги натера челниците на Милан да побараат нов играч во нападот.
Медиумите на Апенините, тврдат, дека српскиот репрезентативец е прва опција, а доколку не успеат да се договорат со Реал, во резерва имаат уште три опции: Оливие Жиру од Челси, Џанлука Скамак од Џенова и Осодоне Едуард од Селтик.
Според најновите информации, поради повредата на листот на ногата, Ибрахимовиќ уште најмалку еден месец нема да биде во тимот.