Top Sport

Мурињо бил во војна со Касилјас, сметал дека е „крт“ во соблекувалната

Легендарниот голман на Реал Мадрид и на фудбалската селекција на Шпанија, Икер Касилјас ги откри последните детали од судирот што своевремено ги имаше со португалскиот тренер Жозе Мурињо кој во еден период беше на кормилото на Кралскиот клуб од Мадрид.

Икер изјави дека Мурињо го сметал за „крт“ во соблекувалната сметајќи дека тој им дава информации на медиумите.

„Ме обвини дека сум `пријател на медиумите`. Познавам многу луѓе по медиумите, сепак, друга работа е да оддаваш информации. Луѓето зборуваа за мене, јас молчев, прифатив и не одговарав на обвинувањата“ рече Касилјас.

Неговата приказна ја поддржаа и неговите екс-соиграчи од „Фуријата“, Чави Ернандес и Жерар Пике.

„Имаше интерна војна меѓу Касилјас и Мурињо, Жозе го викаше `крт`. Не беше лесно да се носиш со таков статус, зборував со Икер за тоа, имаше тежок период таму“ изјави Чави.

Сличен е ставот и на Пике кој смета дека Касилјас бил „мета“ на тренерот иако немало доказ за тоа.

Scroll to Top