Нема мир меѓу калчолигашот Аталанта и нејзиниот капитен, Аргентинецот Алехандро Папу Гомез. Тој е елиминиран од тимот, не е во конкуренција за дуелот со Рома, па јасно е дека јазот меѓу него и тренерот Гасперини е непремостлив.
Аргентинскиот фудбалер кој има 32 години од 2014 година е во клубот од Бергамо.
Папу Гомез бара клубот да го пушти да си оди без отштета, но тоа најверојатно нема да се случи. Иако не е во составот на екипата, големиот број конкурентски клубови заинтересирани за неговите услуги нема да може да го добијат бесплатно.
Интер, Милан и Наполи се силно заинтересирани да го видат Аргентинецот во својот дрес, а интерес има и од ПСЖ, но и од неколку други клубови во Шпанија.
Папу Гомез минатата сезона имаше 16 асистенции за Аталанта и во таа категорија е водечки во лигата. Капитен на „сино-црните“ е од 2017 година.
Papu Gómez’s latest Instagram story seems to confirm departure:
“Dear Atalanta fans, I am writing to you here because I don’t have any way of defending myself and speaking to you.”
“I just wanted to tell you that when I leave, the truth will come out about everything.” pic.twitter.com/9cl2fHQnuf
— Get Italian Football News (@_GIFN) December 14, 2020