Повеќе од еден час фудбалерите на Шефилд Јунајтед играа со играч помалку на гостувањето кај Брајтон во 14 коло од Премиерлигата – црвен картон во 40 минута заработи Линдстром.
И тоа не ги спречи фудбалерите на гостинскиот тим кој е „фенерџија“ во Премиерлигата да атакуваат по првата сезонска победа во елитното друштво. И беа многу блиску.
Во 63 минута нововлезениот Богле погоди за водство од 0-1.
Шефилд се обиде да ја чува минималната предноста до крајот, но Брајтон им ги урна надежите за „сефте-победа“ во 87 минута. Искусниот Дани Велбек погоди за конечни 1-1.
По 14 кола, Шефилд останува на дното на табелата со само 2 освоени бода, додека Брајтон е 16-ти, со 12 поени.